„Ел Класико“ за трофеј: Реал Мадрид и Барселона вечерва во финалето на Купот на Кралот!

Вечерва стадионот „Ла Картуха“ во Севиља ќе биде центарот на светскиот фудбал, каде што ќе се судрат најголемите ривали  Реал Мадрид и Барселона  во финалето на Купот на Кралот.

„Кралевите“ ја бркаат првата титула сезонава и ќе настапат без неколку важни играчи, но со доволно ѕвезди за да се обидат да го победат вечниот ривал. Карло Анчелоти ќе се потпира на Винисиус, Белингем и Родриго, додека настапот на Мбапе до последен момент останува под знак прашање.

Од другата страна, Барса на Ханси Флик влегува мотивирана по серијата добри резултати во домашното првенство. Ламине Јамал е во животна форма, а Каталонците, иако без Левандовски, имаат доволно офанзивна моќ преку Рафиња и Торес да ја казнат секоја грешка на Мадрид.

Барса оваа сезона веќе двапати го совлада Реал во „Ел Класико“ и сака да го потврди доминацијата со нов трофеј. Реал, пак, ќе сака одмазда и спас на сезоната со освојување на Купот.

Натпреварот почнува во 22:00 часот, а се очекува вистински фудбалски спектакл.