Италија
Пулишич демантира кавга со Консеисао: Вакви лаги се неприфатливи

Елиминацијата на Милан во Лигата на шампионите е сериозен удар за италијанскиот клуб, а во пакет со неуспешниот двомеч со Феенорд, на површина испливаа и шпекулации за проблеми во соблекувалната.
Уште од претходно се шпекулираше дека дел од ѕвездите на Милан не се согласуваат со методите и однесувањето на новиот тренер Серџо Консеисао, а по дуелот со Феенорд италијанските медиуми најавија дека Кристијан Пулишич поставил ултиматум до раководството.
Еден од најдобрите играчи на Милан наводно најавил заминување ако Консеисао остане тренер и наредната сезона, а во групата незадоволни наводно бил и Јусуф Фофана. Милан како реакција објави изјава на Пулишич во која тој ги демантира шпекулациите.
– Никогаш не сум влегол во кавга со тренерот и не сум барал негово заминување.
– Среќен сум во Милан и сакам да продолжам да го носам овој дрес, па ваквите лаги за мене се неприфатливи, – вели американскиот интернационалец.
-
Шпанија24 часа
Светски шампион на Франција распали по Јамал: Тој е неподнослив, не можам да го гледам!
-
Свет21 час
Мурињо со нова „отровна стрела“ кон Гвардиола: Ако умираш со својата идеја, тоа значи дека си глупав!
-
Англија20 часа
Зубименди откри зошто го одбил Ливерпул, а подоцна реши да се пресели во Арсенал
-
Шпанија19 часа
Барселона договорила продажба на фудбалер во редовите на Брага
-
Англија23 часа
Најмладиот менаџер во Премиер лигата е вистински фудбалски виртуоз, видеото од тренингот ја обиколи Англија
-
Свет14 часа
Меси и Алба нема да настапат на Ол-стар дуелот, МЛС ќе им изрече суспензија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Барселона го потврди Рашфорд како трето засилување
-
Македонија21 час
Костески возбуден од предизвиците во Алкалоид: Посебно чувство е да играте со својот брат во ист клуб