Приведени двајца мажи од Башино село, во нивните домови пронајдена дрога

Објавено на 12 октомври, 2023 во 10:15

Четириесет и четири годишниот Д.И и триесет и пет годишниот Б.П од село Башино село, велешко, вчера, биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес.

-При преттрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Додека,при претрес во домот на Б.П., извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага, соопштија од СВР Велес.

Двајцата мажи биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.