Артан Груби ќе добие отказ од Тетовскиот универзитет

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2025 10:33
Започната е законската процедура за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да добие отказ на Тетовскиот универзитет, откако пребега во непознат правец по отворањето на коруптивниот случај со „Државна лотарија“.
Инаку Груби е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, на факултетот во Тетово, а според ТВ Алсат, отказот ќе го добие поради неразумно отсуство.
Актот го потврди деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули,кој вели дека отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство.
„Од минатата недела не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Многу брзо ќе бидете известени за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет“, вели Емрули.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таткото на Вања е ослободен, Палевски, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотен затвор
ЖЕЉАЗКОВ: Целта на нашите пријатели од Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ

По констатираните законски прекршувања во случајот Телеком - формирани совети во Врховниот суд
НЕМА УСЛОВИ ВО КОЧАНИ: Судењето за пожарот во Пулс ќе биде во Скопје

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПО СРЕДБАТА СО БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР: Разговаравме за потребата оној кој е веќе внатре да му помогне на оној којшто оди кон ЕУ

РАДЕВ СЕ ЖАЛИ КАЈ ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Фактот дека ЕП се изјаснува за идентитет и јазик се загрижувачки

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА И МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНАА СО ТРАМП: Остануваме посветени на сојузништвото со САД

Замрзнат е работниот статус на полициските службеници од истрагата за пожарот во „Пулс“

ОЈО ЌЕ ЈА ОБЖАЛИ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: „Правдата сепак излегува на површина“
