Неготинец рано утринава управувал „ауди“ со 2,46 промили алкохол во крвта

Објавено на 25 јуни, 2025 во 16:42

Четириесет и седум годишниот Н.К од село Долно Дисан, неготинско, го управувал патничкото возило марка „ауди“ коешто утрово, во 07:20 часот, било запрано при сообраќајна контрола на булевар „Маршал Тито“ во Неготино.

„При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, Н.К и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта. Н.К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Оттаму додаваат дека по документирање на настанот против Н.К ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.