Илон Маск во акција: Укинување на милионски договори и судир со демократите
Илон Маск и неговиот тим влегоа во Министерството за образование во САД и укинаа договори вредни над 900 милиони долари. Според „NBC News“, двајца членови на тимот, Акaш Боба и Итан Шаотрaн, веќе имале пристап до институцијата, а дополнително 16 членови се вклучени во нејзиното демонтирање.
Конгресменката Мелани Стансбери изјави дека тимот укинува грантови и договори на шестиот кат, иако тоа не е законски. Таа најави правни мерки и изрази стравување дека Министерството ќе биде укинато во наредните денови.
Министерството за образование беше мета на Доналд Трамп, кој сака да го укине и да ги пренасочи средствата кон сојузните држави. Досега се укинати 89 договори во вредност од 881 милион долари и 29 грантови за ДЕИ (разновидност, еднаквост и инклузија) во вредност од 101 милион долари.
Демократите се обидоа да влезат во Министерството, но им беше забранет пристап. Конгресменката Максин Вотерс побара одговорност од лицето што ги блокираше, но безуспешно.
Белата куќа ги поддржа активностите на Маск, додека демократите организираа протест „Спасете ја државната служба“ и формираа работна група за спротивставување на кратењата. Републиканскиот спикер Мајк Џонсон ја пофали иницијативата, најавувајќи дополнителни мерки.
Коментирај анонимно