Македонија
Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски службеник во Полициската станица Свети Николе, во присуство на други полициски службеници, агресивно се однесувал и се заканувал на К.М. – командир на Полициската станица Свети Николе. Имено, на наведениот датум, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, преку командирот К.М., како негов претпоставен, преземале мерки во врска со претставка од граѓани против Г.Т. за непрофесионално и недолично постапување при изготвување на записници за констатирани прекршоци од областа на сообраќајот.
Откако дошол во канцеларијата на командирот, пријавениот го обвинил него дека е иницијатор на претставката и почнал да му се заканува.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информира МВР за јавноста.
Македонија
(ФОТО) „До вас, за вас“ во Охрид привлече големо внимание помеѓу посетителите, одличен настан за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во заедницата

На градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, за посетителите денес се реализира настанот „До вас, за вас“, а изложи дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи.
Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување на едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал и сл.
Кампањата беше од отворен тип и истата заедно со вежбовните активности, граѓаните можеа да ги следат предвидените активности, кои се одвиваа во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, началникот на РЦ „Запад“ Љупче Спироски, началници и командири од СВР Охрид. Свое учество во реализација на настанот зедоа полициските службеници од СВР Охрид, граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, Црвен крст и територијалната протипожарна еднница од Охрид.
Со голема чест бевме дел од овој настан и направивме сопствена галерија, така што оваа прилика им честитаме на СВР Охрид за комплетната организираност околу настанот
Македонија
Албански државјанин на „Ќафасан“ во документи ставил пари, бил приведен од РЦ Запад

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските државјани Д.К.(35) и Е.А.(22).
При преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, Д.К. во своите сообраќајни документи ставил пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник.
По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Утре на градскиот плоштад во Охрид, македонската Полиција ќе реализира националната кампања „До вас, за вас“, како форма за приближување на полицијата до граѓаните

Утре (26.07.2025 година) во Охрид ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“ која има превентивен карактер и претставува форма и е во рамките на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“. Спроведувањето на предвидените активности, ќе се одвива во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев а според планираните мерки, ќе се спроведе заедничка вежбовна активност во која ќе учествуваат полициски службеници од СВР Охрид, граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, Црвен крст и територијалната протипожарна еднница од Охрид.
На градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, за посетителите ќе бидат изложени дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи.
Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување на едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал и сл.
Кампањата е од отворен тип и истата заедно со вежбовните активности, граѓаните ќе можат да ги следат и да учествуваат од 18.30 часот на градското пристаниште и градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, за Порта.мк информираше портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Кичево9 часа
(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!
-
Кичево2 дена
„Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна музичка манифестација на градскиот плоштад, незаборавни музички вечери во срцето на Кичево!
-
Хроника15 часа
Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Кичевчани помеѓу соговорниците одговараа пред камерите во проектот „Што значи за тебе Македонија“
-
Македонија1 ден
(ФОТО) „До вас, за вас“ во Охрид привлече големо внимание помеѓу посетителите, одличен настан за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во заедницата
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (27 јули)
-
Кичево4 часа
„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“
-
Временска прогноза1 ден
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување