• Саше Љолес
Мароканецот Ашраф Хакими со голем оптимизам зборуваше за сајтот на ФИФА, каде потенцира дека неговиот ПСЖ е максимално фокусиран на уште еден трофеј во извонредно плодната сезона.
„Светците“ од Париз во осминафиналето ќе се соочат со Лионел Меси и Интер Мајами и важат за големи фаворити, нешто што индиректно го потврдува и Хакими.
„Ги обожавам периодите кога постојано сме успешни. Се лизнавме малку на мечот со Ботафого, но секој може да има лош ден. Одиме натаму и знаеме која е целта. Со Интер ќе биде интересен меч, се надевам дека нашата публика ќе има причини за задоволство. Почит за нивниот тим и големината што ја имаат.
Среќен сум, се чувствувам добро и мислам дека сме во одлична форма. Имавме прекрасна сезона и немаме намера да запреме сега. Планот е сите да го дадеме нашиот максимум, па да видиме до каде можеме да стигнеме“, изјави Хакими.
ПСЖ ќе се соочи со Интер Мајами на 29 јуни, а почетокот е закажан за 18:00 часот.
ФОТО/PHOTO: FIFA