Политика

Едноставниот погреб на папата Франциск се претвори во можност за средба со Трамп

Извор: Catherine Lucey, Flavia Rotondi/Bloomberg

26 април 2025, 11:10

Едноставниот погреб на папата Франциск се претвори во можност за средба со Трамп

Bloomberg Mercury

Погребот на папата Франциск беше замислен како поедноставен настан за да се оддаде почит на едноставноста на човекот. Наместо тоа, присуството на претседателот Доналд Трамп го претвори во високопрофилна сцена за меѓународна дипломатија во момент на геополитички превирања.

Со свет кој што е во агонија на трговска војна, пазарите диво се менуваат и примирјето меѓу Украина и Русија виси на конец, сите, од украинскиот Володимир Зеленски, кој слета во Рим рано утрово, до Британецот Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, бараат брза аудиенција со непредвидливиот американски лидер на неговото прво патување во странство по инаугурацијата.

Краткиот престој, со мешавина од религиозни церемонии и склучување политички договори, потсетува на опкружувањето за повторното отворање на катедралата Нотр Дам во декември. Појавувањето на Трамп на тој собир беше причина многумина да побрзаат во Париз за некои брзи преговори. Во Рим Трамп им се придружува на 50-те шефови на држави кои, покрај тоа што му оддаваат почит на папата Франциск, се надеваат дека ќе се сретнат со претседателот во базиликата „Свети Петар“ или на маргините на целиот настан.

Трамп, кој слета во Рим доцна синоќа, на новинарите за време на летот им рече дека е заинтересиран да се сретне со други лидери, иако одби да даде какви било детали. Неговото време за да разговара за било каква работа е релативно кусо.

„Ќе се сретнам со некои луѓе во Рим, да... И тоа ќе биде малку брзо, и искрено, малку е непочитувачки да се имаат состаноци кога си на погреб на папа, велат“, рече Трамп. „Но, ќе разговарам со некои луѓе, ќе видам многу луѓе.“

За италијанската премиерка Џорџа Мелони, ова е можност цврсто да се етаблира како еден од главните посредници на Трамп, можеби со организирање краток тристран разговор на тема трговија со Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија со која Трамп сè уште не разговарал откако дојде на власт.

Bloomberg Mercury
 

 

Мелони го посети американскиот претседател пред нешто повеќе од една недела во Вашингтон - каде што тој ја пофали - а неколку дена подоцна беше домаќинка на потпретседателот Џ.Д. Венс, неодамна преобратен католик, кој се сретна со папата Франциск во Ватикан само еден ден пред да почине.

Не е секогаш јасно што добивате за возврат, дури и кога Трамп ве сака или ако му ласкате - на крајот речиси никој не беше поштеден од наметнување царини. Во случајот со пријателски настроениот Хавиер Милеи, на Аргентина и донесе одредени дивиденди и одобрувањето на заем од ММФ и покрај црвените знамиња подигнати од страна на заемодавачот.

Еден од ожалостените на погребот кој можеби не го бара Трамп е Џо Бајден, побожен католик кој се сретна со папата Франциск неколку пати - вклучително и кога Мелони направи невиден гест со доведување на папата во Групата седум покрај Јадранското Море. Поранешниот претседател често е обвинуван од страна на Трамп за сè, од војни до економски проблеми.

Трамп им рече на новинарите дека средбата со Бајден „не била високо на неговата листа“.

Bloomberg Mercury
 

 

Со толку многу луѓе присутни во Рим, едно впечатливо отсуство е тоа на рускиот претседател Владимир Путин - кој избегна царинска казна и во Москва ќе биде домаќин на бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и кинескиот Шји Џјинпинг на парадата на Денот на победата на 9 мај. Во 2019 година Трамп беше поласкан што беше поканет да присуствува на она што претставува блескава прослава на руската воена моќ на годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Овој пат, околностите не се сосема усогласени. Американскиот претседател брза да прогласи дипломатска победа со посредување за крај на војната во Украина, а во последниве денови упати ретки критики кон Русија како што се наближуваа 100-те дена од неговото второ претседателствување.

Левичарот Лула ќе биде во Рим - внимателно избегнувајќи го својот либертаријански лут непријател Милеи, како што го прави тоа и сега на разните собири. Малку е веројатно дека Шји ќе донесе одлука во последен момент да присуствува на погребот. Двата економски гиганти мирно зборуваат, при што Трамп уверува дека се водат разговори за трговија, додека Пекинг го негира тоа. Тензиите ги потресоа инвеститорите.

Средба на маргините на Ватикан би била од огромно значење - а воедно и незгодна. Ватикан нема формални односи со Кина, иако има дури и со Тајван и едно време имаше одредено зближување со Пекинг. Претседателот на Тајван, Лаи Чинг Те нема да присуствува, но островот ќе го претставува поранешниот потпретседател Чен Чиен Џен.

Едно од отворените прашања е дали Трамп ќе го искористи моментот за да понуди некаков предлог за тоа кој треба да ги води католиците во светот (1,4 милијарди католици).

Конклавата - собир на кардинали за избор на следниот папа - ќе се одржи во наредните недели, а процесот е таен и тешко се предвидува.

Отец Џејмс Мартин, главен уредник на списанието „Америка магазине“ (America Magazine), верско списание, рече дека е нормално на тие собири да се разгледуваат прашања поврзани со глобалната политика додека се прави изборот на новиот папа.

„Природно е колегиумот на кардинали да ги земе предвид знаците на времето, тоа е она што се случува во светот“, рече тој. „Значи, генерално кажано, тие ќе ја земат предвид геополитичката ситуација.“. 

Односот меѓу Трамп и папата Франциск никогаш не бил лесен, одбележан е со судири околу прашања како што се имиграцијата и климатските промени, што ги истакна длабоките пукнатини меѓу конзервативните и либералните католици во САД. Оваа година папата ги критикуваше миграциските политики на новата администрација на Трамп, кои вклучуваат присилни депортации.

Досега Трамп не се изјасни за тоа кој треба да биде следен папа. Во Белата куќа неделава тој за Франциск рече: „Тој го сакаше светот, а особено ги сакаше луѓето што минуваа низ тежок период - и тоа е добро според мене.“
Мајкл Морленд, професор по право и религија на Универзитетот Виланова, смета дека секој обид да се влијае на конклавата со „каква било кампања или лобирање однадвор би било ризик да се врати како бумеранг“.

Трамп силно ја придоби религиозната десница и освои мнозинство католички гласачи на претседателските избори во 2024 година. Тој беше поддржан од конзервативните католици и има голем број католици кои служат во неговата администрација, вклучувајќи го и Венс.

На самиот Венс му беше поставено прашање за насоката во која би сакал следниот папа да ја води црквата, но тој одби да одговори: „Нема да си дозволам да им давам насоки на кардиналите за тоа кого треба да изберат за следен папа. Имаме многу прашања на кои треба да се фокусираме во Соединетите Држави.“ 

Останува да се види дали Трамп ќе се изјасни по тоа прашање. Самиот Франциск беше познат по тоа што од време на време отстапуваше од сценариото, и тоа не без последици. Неговата одбрана на палестинската кауза, критиките кон Израел и неговите секојдневни повици до црквата во Газа го принудија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да им наложи на амбасадорите да ги избришат објавите на социјалните мрежи во кои изразуваат сочувство.

Церемонијата веќе започна. И покрај сите познати гости и значењето на настанот, Франциск цврсто сакаше да се ослободи од целата помпезност и величественост што обично доаѓа со смртта на еден папа.

Неговото последно барање, напишано во тестаментот составен во 2022 година, беше едноставно: да биде погребан во гола земја во еден дрвен ковчег на кој е врежан само еден збор на латински: „Франциск“.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Политички средби на маргините на погребот на папата

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнаа накратко непосредно пред погребот на папата Франциск во Ватикан.

Канцеларијата на Зеленски ја потврди средбата, која доаѓа во време кога Трамп го интензивираше својот притисок за мировен договор за кој критичарите стравуваат дека може да биде во корист на Русија.

 

 

Трамп и Зеленски повторно ќе разговараат во текот на денешниот ден, со што се докажува дека американскиот лидер врши притисок за мировен договор меѓу Украина и Русија.

„Тимовите работат на организирање на продолжување на состанокот“, изјави портпарол на претседателскиот кабинет на Украина, кој додаде дека двајцата се сретнале околу 15 минути пред почетокот на церемонијата за погребот на папата Франциск. Од Белата куќа соопштија дека Трамп и Зеленски имале „продуктивна дискусија“.

Во меѓувреме, МИА јави дека Зеленски и Трамп се сретнале со францускиот претседател и британскиот премиер.

„Можам да потврдам дека претседателот (Емануел) Макрон навистина разговараше со Трамп, Зеленски и (Кир) Стармер и оти разговорот беше позитивен“, изјави претставник на Елисејската палата, а пренесува МИА. 

На погребот присуствуваат десетици меѓународни делегации и се случува токму во време кога примирјето меѓу Украина и Русија е во опасност.

 

Текстот постојано се ажурира со тековните политички средби на маргините на погребот на папата Франциск.

Последното ажурирање се однесува на информацијата за средба на Трамп и Зеленски со францускиот претседател Макрон и британскиот премиер Стамер.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите