Свет

Што се всушност царините и зошто Американците може да настрадаат од нив?

Автор: Danijela Polonijo

5 март 2025, 12:15

Царините се даноци што се наплаќаат на увезената стока, тие се извор на државни приходи

Американскиот министер за финансии е одговорен за воспоставување на царинските прописи

Истражување покажа дека генерално потрошувачите и бизнисите во САД ги плаќаат трошоците

Што се всушност царините и зошто Американците може да настрадаат од нив?

Bloomberg

Danijela Polonijo
Заменичка на главниот уредник на редакцијата во Хрватска

Деновиве сите очи на светот се вперени кон американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ги потресе економиите и пазарите со царините на стоката од најголемите трговски партнери на земјата. Досега воведе царини од 25 проценти на поголемиот дел од увозот од Канада и од Мексико и ги зголеми царините за Кина на 20 проценти. Со овие потези американските царини достигнаа највисоко просечно ниво од 1943 година, според БЛ (Budget Lab) на универзитетот „Јејл“, а Трамп навести дека може да следуваат уште зголемувања. Еве како функционираат царините – вклучувајќи го и тоа кој всушност ги плаќа и како се собира приходот.

Што се царини и за што служат?

Царините се давачки што се наплаќаат на увезената стока. Како и сите слични давачки како даноци и акцизи, тие се извор на државни приходи. Земјите долго време се потпираа на нив за да ги поддржат локалните индустрии со тоа што ќе ги направат странските производи поскапи. Трамп ги користи и како алатка за постигнување надворешнополитички цели.

Како се собираат и спроведуваат царините?

Министерот за финансии на САД е одговорен за воспоставување прописи за наплата на царините, но Царинската и гранична заштита на САД (US Customs and Border Protection) или ЦБП е владината агенција задолжена за нивно спроведување во речиси 330 влезни пристаништа низ земјата - што вклучува гранични премини по патишта или железница, како и морски пристаништа и аеродроми. Агентите ги прегледуваат документацијата и стоката и наплаќаат давачки и казни. Парите се собираат во моментот на царинење и се депонираат во Општиот фонд на Министерството за финансии, пишува „Блумберг“ (Bloomberg). Тие што не ги опишуваат правилно количеството, категоријата или потеклото на одреден производ - било намерно или поради невнимание - се соочуваат со казни.

Некои стоки и компоненти повеќепати ги преминуваат границите пред да станат готов производ - како автомобилите со делови произведени во САД што се составуваат во Мексико и повторно се увезуваат во САД. Според правилата на ЦБП, производите произведени во САД што повторно се увезуваат во земјата без да им биде „подобрена“ или „напредната“ вредноста се ослободени од царина. Друг пример: Да речеме дека САД извезуваат злато во Индија, каде што се користи за изработка на обетки. Крајниот производ подлежи на царини при повторен влез во САД. Во тој случај дури и вредноста на златото би била царинета.

Колку пари се генерираат од царините?

Додека царините некогаш беа главен извор на приходи на американската влада, во текот на поголемиот дел од минатиот век тие сочинуваа мал дел од државните приходи. Од минатата година тие сочинуваа помалку од три проценти од федералните приходи, според анализата на владините податоци извршена од Банката на федерални резерви на Сент Луис.

Комбинираните царини за Канада, Мексико и за Кина би можеле да се претворат во дополнителни трошоци од 1,1 билион долари за увозниците од САД во следната деценија, според процените на непартискиот аналитички центар ТФ (Tax Foundation). Само во 2025 година групата предвидува дека политиката би можела да ги зголеми давачките за речиси 110 милијарди долари.

ТФ проценува дека царините што Трамп ѝ ги наметна на Кина за време на неговиот прв мандат, а беа проширени за време на претседателскиот мандат на Џо Бајден, создадоа 77 милијарди долари годишен приход.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Кој ги плаќа царините?

Истражувањата генерално покажуваат дека потрошувачите и компаниите во САД ги плаќаат трошоците на повисоките царини. Странските производители можат да ги намалат своите продажни трошоци или американските увозници можат да преземат дел од трошоците. За да избегнат помала добивка, компаниите често одлучуваат да ги зголемат цените и, наместо тоа, да пренесат дел од трошокот на потрошувачите.

Сепак, постојат потенцијални дупки во законот, како што е процесот на изземање, кој им овозможува на компаниите да побараат ослободување од царините ако нивното плаќање неоправдано би им наштетило на нивното работење и нема други опции за купување производи од друга земја.

Кои се последиците од воведувањето царини?

Неодамнешната историја на американската трговија со Кина помага да се објасни што се случува кога царините се во сила. За време на неговиот прв мандат, Трамп воведе низа царини на кинески производи, вклучувајќи челик, алуминиум и мотори. Таа азиска земја испорачуваше една петтина од стоката што САД ја увезуваа пред првата трговска војна на Трамп во 2018 година, за да падне на околу 14 проценти од американскиот увоз во 2023 година.

Покрај тоа, кога царините ќе стапат во сила, увозниците често прибегнуваат кон нивно избегнување. Тоа може да се направи со испраќање на стоката преку трета земја, пријавување  помала вредност на производите или нивно погрешно означување како слична стока што има пониски царински стапки. Економистите на „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs) неодамна открија дека избегнувањето на царините може да објасни дури 90 милијарди долари од проценетите 240 милијарди долари повлекување на американскиот увоз од Кина во споредба со нивоата од пред трговската војна.

Што е „надворешната даночна служба“ што ја предложи Трамп?

Администрацијата на Трамп предложи создавање посебна надворешна даночна служба за собирање давачки како дел од неговата трговска политика „Америка на прво место“. Аналитичарите забележаа дека приходите од царините не се „надворешен“ извор со оглед на тоа што давачките ги плаќаат увозниците со седиште во САД, кои барем дел од трошоците им префрлаат на американските потрошувачи. Концептот ја нагласува желбата на Трамп да ги прикаже царините на странскиот увоз како извор на приходи што не ги плаќаат даночните обврзници.

Што значи сето ова за трговските договори?

САД имаат договори за слободна трговија со 20 трговски партнери во светот - вклучувајќи еден со Мексико и Канада, кој е познат како УСМЦА (USMCA) или новиот НАФТА. Во тие договори земјите се обврзуваат дека царинските стапки ќе ги сведат на нула. Царините на Трамп за Мексико и за Канада се во спротивност со трговскиот договор меѓу трите земји (за кој треба повторно да се преговара во 2026 година), пишува „Блумберг“.

Како членка на Светската трговска организација, САД се обврзани да се придржуваат до правилата, вклучувајќи ги ограничувањата за користење субвенции, како и трговските бариери како што се царините и квотите.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Франција бара царински бариери за Кина, за да не се уништи европската индустрија
Европа

Франција бара царински бариери за Кина, за да не се уништи европската индустрија

Европа веќе презеде мерки за челикот и автомобилите, но правилата мора да се променат за да се овозможи поширока употреба на мерки против увозот од Кина, порача францускиот министер за финансии Ерик Ломбард.

06.07.2025

Вртоглав раст на цените на становите во Скопје од 22,3 проценти во вториот квартал од 2025 година
Македонија

Вртоглав раст на цените на становите во Скопје од 22,3 проценти во вториот квартал од 2025 година

Цените на становите во главниот град продолжуваат со забревтан раст во период во кој се бележи спласнување на изградбата на нови станови.

05.07.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите