Во тек е истрага за сајбер нападот врз Фондот за здравствено осигурување која ќе покаже кој е виновен за овој напад.
Директорката на ФЗО, Магдалена Филиповска Грашкоска денеска за прв пат во јавноста истакна детали околу овој напад.
Таа вели дека податоците на граѓаните се сигурни и безбедни, а истрагата треба да п
На новинарско прашање околу наводниот милионски износ за откуп, Филиповска Грашкоска демантираше дека бил побаран толкав износ за откуп.
Според директорката, на проблемот работеле сите шестмина вработени во ИТ секторот на ФЗО, како и компании кои до сега биле ангажирани за 15 потсистеми во ФЗО, а дополнително биле ангажирани и странски фирми, но јавноста засега нема да дознае колку пари се излеале од државната каса затоа што тоа било доверлива информација по барање на компаниите кои се ангажирани, како и поради истрагата која ја води Обвинителството во соработка со МВР.
Инаку, директорот на секторот за ИТ во Фондот е на боледување бидејќи пради стресот му се влошила здравствената состојба, додека пак другиот директор на ФЗО, Фатон Ахмети заминал на одмор пред нападот и се уште не е вратен на работа.