Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!

Благодарност до сите кои ни испратија фотографии од традиционалните Василичарски огнови за заеднички да го направиме празничниот албум, кој ќе биде запишан во времето и ќе биде сочуван за секогаш. Одиме по ред:

ул. „Солунска“ – Кошарани

село Вранештица

село Србјани

село Поповјани

Полициска Зграда (булевар)

Полициска Зграда (булевар)

нас. „Подварош“

бул. Ослободување (Општинска Зграда)

бул. Ослободување (Жолта зграда)

Горно Иванидол

нас. Коњски Ливади (Црн Бор)

ул. Дуко Војвода (с. Другово)

ул. Дуко Војвода (с. Другово)

село Кнежино

Блок Ламели

нас. Календарица
Кичево
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата

Денес пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи третиот протест за настанатата дива депонија која тлее доста време и ги труе кичевчани. Организаторите и кичевчани уште еднаш ќе пробаат да извршат притисок врз надлежните институции веднаш да се зафатат со решавање на нашиот долгогодишен проблем, депонијата, која се наоѓа во градското подрачје, кај стар Керамички Комбинат.
Преку социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот и советниците на Општина Кичево, да излезат на овој протест и да соопштат што превземале или што ќе превземат за решавање на овој проблем.
Во меѓуредови упатуваат порака дека протестот не е партиски, не е национален ниту религиски, туку граѓански протест и дека се строго забранети партиски обележја.
– Протестот според изворот е закажан за денес од 18:00 часот, пред новата зграда на Општина Кичево.
Фејсбук настан – ТУКА
Кичево
Културна и вселенска магија во Кичево – Финале од проектот „Interstellar Expressions“

По успешно реализирани три креативни работилници, следува финалниот настан, кој ќе биде круна на целиот процес. Делата на сите учесници ќе бидат изложени во посебна галактичка атмосфера, придружена со театар, дискусии и астрономија. Следува иницијатива која преку уметност и наука ја обединува младината од различни културни и етнички заедници во Кичево.
International Space Alliance (ISA), во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, успешно го реализира проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”
Агенда – 22 Мај (Среда)
Национална Установа Центар за Култура „Кочо Рацин”
17:00 – 18:30 ч. (Платото на НУЦК „Кочо Рацин”)
Работилница за ракети од пластични шишиња со вода
Водена од Гитика Горти, основач и извршен директор на IgnitedThinkers
Пријави се на работилницата за ракети бесплатно – ТУКА
+ Можност за испраќање разгледници во вселената преку Club for the Future на Blue Origin!
18:30 – 19:00 ч. (Голема Сала на НУЦК „Кочо Рацин” )
Дискусија: „Детските права и Вселената”
со Александар Ташковски, експерт по меѓународно право и прв македонски застапник во меѓународното вселенско право
19:00 – 19:30 ч.
Инспиративна дискусија: „Истражување надвор од Космосот како студент”
со Гитика Горти, основач и извршен директор на IgnitedThinkers
19:30 – 20:00 ч. (Голема Сала на НУЦК „Кочо Рацин”)
Театарска претстава: „Небесни Завеси”
20:15 ч. (Фоајето на НУЦК „Кочо Рацин”)
Коктел прием и голема изложба од сите дела креирани од работилниците во фоајето
Изложбата ги прикажува уникатните дела создадени од младите учесници низ сите работилници – спој на уметност, култура и вселенска инспирација.
Очекуваме присуство и на делегацијата од ОБСЕ – Скопје, како и претставници од Peace Corps.
Сите деца се добредојдени на работилниците и на настанот – во придружба со родител или старател.
/ПР
Кичево
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 13.05 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села од град Кичево:
Планиран прекин | КИЧЕВО с.Извор, с.Кленоец, с.Малкоец, с.Попоец, с.Душегубица, с.Иванчишта, с.Ехлоец хпп Ехлоец и Луис Гемстон | 13.05.2025 09:30 | 13.05.2025 14:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (15 мај)
-
Македонија2 дена
Измена на режим на сообраќај, пат Охрид-Кичево поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема
-
Кичево19 часа
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за петок (16 мај)
-
Македонија12 часа
(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!
-
Кичево1 ден
Културна и вселенска магија во Кичево – Финале од проектот „Interstellar Expressions“
-
Македонија18 часа
Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена
-
Магазин2 дена
iOS 18.5 пристигна: Еве што е ново во најновото ажурирање за iPhone