Денес во „Буква“ ќе се одржи петтото издание на „Клинци“ – младинско книжевно читање и изложба


Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат дека овие млади се „безљубовни и незанесени“.

Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!


Петтото издание ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, денес, со почеток во 20:30 часот.

Овојпат на „Клинци“ ни читаат:
Дамјана Видическа
Теодор Тасевски
Милена Сиљаноска
Андреј Медиќ Лазаревски


Изложба ќе имаат Skopje Collage Collective со избор колажи од нивните предизвици изработени од:

Јане Вељаноски
Николета Георгиевска
Мартина Даниловска
Филип Зарков
Ива Јованова
Теодор Јуруковски
Андреј Медиќ Лазаревски
Катерина Мандариќ
Стефан Назифовски
Димитар Назифовски
Марко Трпески


Модераторка на настанот ќе биде Марија Велинова.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Побогат од Бекамови – Богатството на кралот Чарлс оваа година е во значителен пораст: Причината е наследството од неговата мајка

Вкупното богатство на британскиот крал Чарлс се зголемило за 30 милиони фунти минатата година на …