
Пандемијата сепак изгледа има позитивна страна, велат научници од Велика Британија кои спровеле истражување и добиле резултати дека маските сепак добро изгледаат на лицата на луѓето.
Интересен е фактот дека мажите ги прават најпривлечни сините маски за еднократна употреба.
Истражувањето почнало пред пандемијата, а се повторило и за време на пандемијата, па Мајкл Левис, доктор во одделот за психологија на Универзитетот Кардиф изјавил дека медицинските маски не биле воопшто посакувани и претпоставува дека тоа е така бидејќи асоцираат на болест.
Photo by Isaac Iverson on Unsplash
„Истражувањето ни покажа дека луѓето се најпривлечни кога носат сини медицински маски. Претпоставуваме дека тоа е така бидејќи тие маски ги асоцираме со медицински работници и ни даваат чувство на сигурност, нега и внимание. Во време кога сме ранливи, носењето на маските нè прави сигурни и се чувствуваме привлечени од оние кои ги имаат на себе.“, изјавил Левис.
Истражувањето било спроведено со жени кои гледајќи слика на мажи со и без маска, сепак одлучиле дека попривлечни се мажите кои носат сина маска за една употреба. Левис изјавил дека кога е покриено половина лице, сепак до израз доаѓаат очите.