• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкараз им се извини на навивачите откако го победи Пол на „Ролан Гарос“

Алкараз им се извини на навивачите откако го победи Пол на „Ролан Гарос“

Париз, 4 јуни 2025 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја коментираше победата над Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Грен слемот „Ролан Гарос“.

- Секогаш е забавно да се игра овде во Париз. Морам да кажам, знам дека сакавте да гледате повеќе тенис, но морам да се извинам за тоа – им порача Алкараз на гледачите по мечот.

Шпанецот победи со 6:0, 6:1, 6:4 за 1 час и 34 минути.

- Морам да ја работам својата работа. Но, повторно, одлично е да играм пред сите вас. Се чувствувам одлично. Имам неверојатна енергија. Сè што можам да кажам е многу благодарам што дојдовте и давате поддршка на тенисот. Моите чувства беа неверојатни, се обидов да дадам 100 проценти, без разлика на се, изјави шпанскиот тенисер.

Во полуфиналето Алкараз ќе игра против Италијанецот Лоренцо Мусети. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан