Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски успешно се рехабилитираше од повреда и ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик за реванш натпреварот против Интер во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Искусниот 36-годишен полски голгетер е надвор од терените од 19. април кога заработи повреда на мечот против Селта во Ла Лига, но повредата е веќе надмината и се очекува тој да биде дел и од првиот тим на средбата во Милано која ќе биде одиграна во вторник со почеток од 21 часот.
Левандовски оваа сезона постигна 40 голови за Барселона од кои 11 во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА