„Ние во изминатиот период и како поранешен пратеник преку ДСР предлагавме изборен модел една изборна единица или изборен модел со загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници. За ДСР изборниот модел со една изборна едниница конечно е можност како претставници на ромската заедница да се бориме-натпреваруваме сами како Роми за свои претставници и застапеност во Собранието на Република Македонија како пратеници“, рече тој на прес-конференција пред Владата.
Салиу информираше и дека нивната партија донела одлука за продолжување на коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ и на локалните избори.
„За локалните избори 2025 ќе коалицираме и ќе ги поддржиме сите кандидати за градоначалници и кандидати за советници на нашата коалиција на целата територија во Република Северна Македонија. Нашата визија е јасна да продолжиме да работиме заедно и посветено во интерес на државата, граѓаните и заедничката иднина што ја градиме заедно со ВМРО-ДПМНЕ и нашите партнери во Владата“, рече тој.
За единствената општина со градоначалник Ром, Шуто Оризари, Салиу рече дека треба да има промени и дека на тоа место треба да дојде некој што ги почитува и правните норми и што го почитува својот народ. Смета дека сите што живеат таму ги знаат проблемите во Шуто Оризари.