свет

Кина: „Неосновани обвинувања“ се тврдењата на Зеленски дека Пекинг ја снабдува Русија со оружје

„Украина добро го знае ова и јавно има изјавено дека поголемиот дел од компонентите на увезеното оружје што го користи Русија доаѓаат од САД и други западни земји“, додаде Лин.

Saadet Gökce  | 18.04.2025 - Обновена : 18.04.2025
Кина: „Неосновани обвинувања“ се тврдењата на Зеленски дека Пекинг ја снабдува Русија со оружје

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес ги отфрли и ги нарече „неосновани обвинувања“ тврдењата на украинскиот претседател Владимир Зеленски дека Пекинг ја снабдува Русија со оружје, јави кинеската државна новинска агенција, пренесува Анадолу.

За време на прес-конференција во Киев вчера, Зеленски изјави: „Конечно добивме информации дека Кина ѝ испорачува оружје на Руската Федерација“, додавајќи дека информациите за барут и артилериско оружје му биле доставени од разузнавачките служби, пренесе украинскиот медиум „Украинска правда“.

„Кина цврсто се спротивставува на неосновани обвинувања и политички манипулации“, истакнувајќи дека Киев е „свесен“ дека Пекинг „никогаш не обезбедил смртоносно оружје за ниту една страна во конфликтот и строго ја контролира продажбата на двојно-наменски производи“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, пренесе „Глобал Тајмс“.

„Украина добро го знае ова и јавно има изјавено дека поголемиот дел од компонентите на увезеното оружје што го користи Русија доаѓаат од САД и други западни земји“, додаде Лин.

Украинскиот претседател, исто така, обвини дека „претставници на Кина се вклучени во производството на одредени видови оружје на руска територија“.

Тврдењата на Зеленски за снабдување со кинеско оружје следат откако претходно овој месец тој изјави дека најмалку 155 кинески државјани се борат на страната на руската армија во Украина и дека двајца од нив биле уапсени во источниот регион Доњецк.

Кина тогаш обвинувања на украинскиот претседател ги нарече „неодговорни“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.