ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 21:43
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК НЕ ДОШЛА НА РАБОТА
Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска не доаѓа на работа.
Откако обвинителството вчера објави дека ја сомничи за оддавање службена тајна, од денеска, таа не смее да има контакт со предмети, пошта и било каков документ поврзан со работењето на ДКСК. Димитровска, не се појавила на работното место.
Повеќе нема да смее да распределува и предмети, ниту да гласа на седниците на комисијата.
Сето ова ќе биде до завршување на постапката.
ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА АФЕРАТА СО ТУЃА НЕГА И ИНВАЛИСКИ ПЕНЗИИ
Кривичниот суд определи мерки за 23 лица во истрагата за туѓа нега и за инвалидска пензија.
Девет лица завршија во ефективен притвор, а 5 во куќен притвор во истрагата за злоупотреби при одобрување на додатоци за туѓа нега и за инвалидска пензија.
„Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица, од кои 23 беа спроведени во судот, а едно лице сè уште не е достапно за органите на спровод, донесоа решенија за мерките: на 9 лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена, на 5 лица им определи мерка куќен притвор, а на 9 лица им определи мерки на претпазливост, односно, обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. Лицата се осомничени за повеќе кривични дела, поврзано со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење“, соопшти Кривичниот суд.СЕ УКИНУВААТ ВИЗИТЕ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ОАЕ
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Обединетите Арапски Емирати донеле одлука за укинување на визите за македонските државјани за патување во таа земја.
Ова е, како што напиша премиерот, прва мерка од страна на Емиратите по еднонеделната посета на владината делегација.
„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Селекцијата на отпадот во домот е практичен чекор со кој секој од нас може директно да придонесе кон заштита на животната средина.
Откако минатата недела се продаде блок од 4,99 од акциите, а завчера помина помал пакет од 0,35 отсто, денеска повторно се случи блок трансакција со акциите на Стопанска банка Битола.
Речиси целото производство на„Ветекс“ оди за извоз, а годинава нивниот извоз е зголемен за 11% во споредба со првите три месеци во 2024 година
Можеби ќе ве интересира
„ЈАС ЈА ДОНЕСОВ И ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА, НЕМОЈ И ЗА ОВА ДА СУМ КРИВА ВО 2028“: Арсовска вели на тацна овозможила организирање на вакви настани

И ДУКОВСКИ ИМА ШТО ДА КАЖЕ ЗА МЛАДИНСКАТА ОЛИМПИЈАДА: Кој се залета, кој се збудали бе?

ЕВЕ КОЈ Е ВОЈНИКОТ ШТО СЕ ПОВРЕДИ ВО ГАСЕЊЕ ПОЖАР: „Тој не е само мој пријател, тој е 'људина'“, вели Михаилов

ПУСТЕЦ Е ДОКАЗ ДЕКА ПРИПАДНОСТА НЕ СЕ БРИШЕ: Мицкоски со моќна порака од Албанија

АКТИВИРАН ЕУ МЕХАНИЗМОТ ЗА ЦИВИЛНА ЗАШТИТА: Македонија не може сама да се справи со пожарите

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ СВЕТИ НИКОЛЕ-КУМАНОВО: Еве каква е состојбата на патиштата, се воведува и посебен сообраќаен режим

ДВАЕСЕТГОДИШЕН МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНА ВО СТАН ВО САРАНДА: Телото го пронашло семејството

„ИЗВИНЕТЕ, АКО МИНИСТЕРСТВО ЗА СПОРТ НЕ СЕ БАВИ СО НАСТАН КО ОЛИМПИЈАДА, СО ШТО СЕ БАВИ, СО КРЕЧЕЊЕ?“ И Ина Многуфина со реакција за олимпијадата

НАЈЧЕВСКА: Не признавам ниту една владејачка структура дека се бори против корупцијата ако не донесе Закон за следење на потекло на имотот
