Свежо со повремени врнежи

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време, посвежо и со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието.

Утринските температури се движат меѓу 4 и 14, додека максималните дневни соодветено ќе бидат во интервалот од 9 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 19-от степен.