Билтен

Инфлацијата ги помати прогнозите на аналитичарите - пет вести на денот

Автор: Bloomberg Adria

9 април 2025, 05:00

Инфлацијата ги помати прогнозите на аналитичарите - пет вести на денот

Bloomberg Adria

Bloomberg Adria

По падот од 3,8 отсто во понеделникот, во вторник се стабилизира ситуацијата на Македонската берза, односно МБИ10 отиде во позитива со 0,8 отсто. 

Најтргувана вчера беше акцијата на „Комерцијална банка“, со 11,4 милиони денари, и воедно имаше најголем раст на вредноста, од 1,99 отсто, по падот од 5,6 отсто на стартот на неделата. 

Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.

Аналитичарите се премислија, очекуваат повисока инфлација во Македонија

Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2025-2027 година, спроведена во март, покажува промена во очекувањата, поточно очекувања за помало забавување кај просечната стапка на инфлација, како и мали надолни корекции во очекувањата за растот на БДП, информира Народната банка.

Во однос на инфлацијата, испитаниците и натаму очекуваат нејзино натамошно забавување и постепено стабилизирање на среден рок. Сепак, патеката на очекуваното забавување според оваа анкета е поумерена. Така, за 2025 година испитаниците очекуваат просечна стапка на инфлација од 3,7 проценти (3 проценти во претходната анкета), која би се свела на 3,1 проценти во 2026 година (2,5 проценти во претходната анкета). На среден рок, за 2027 година испитаниците очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе се стабилизира и ќе се сведе на 2,7 проценти.

Земјоделското производство паѓа

На крајот на минатата година беше извршена среднорочна процена на остварувањата во сите потсектори во земјоделството за период од десет години. Анализата покажа дека и покрај зголемените субвенции, производството се намалува во најголем дел од секторите. Раст заклучно со 2023 година има само кај овоштарството и свињарството. Во текот на 2024 година, растот кај овоштарството продолжи, но бројот на свињи се намали.

Најалармантна е состојбата во потсекторот говедарство. Вкрстувањето на податоците покажа дека годишно „исчезнуваат“ во просек по 10.000 грла.

Во прилог не одат ниту статистичките податоци за бројот на земјоделци. „Блумберг Адрија“ неодамна објави дека бројот на вработени во секторот „земјоделство, шумарство и рибарство“ за шест години се намалил за 29.147 лица.

Берзански дилеми

Додека некои пресметуваат дали да купат акции додека на пазарите има панична распродажба, други бараат помирно засолниште во обврзниците.

Експертите советуваат дека е најдобро да ги диверзифицирате вашите инвестиции и да купите малку од сè, особено ако сте мал инвеститор кој сака да инвестира долгорочно.

„Малите инвеститори се во предност, бидејќи можат брзо да излезат од позиции, но ако планираат долгорочни инвестиции, им треба портфолио што не се состои само од технолошки компании, туку треба да инвестираат и во обврзници и злато“, вели инвестицискиот аналитичар Михаило Ѓурѓевиќ за „Блумберг Адрија“.

Иако пазарот е динамичен, сепак важи старото берзанско правило, потсетува Александар Завишиќ, портфолио менаџер во „Илирика Инвестментс“ од Белград.  „Тоа вели дека оние кои имаат добри нерви и сакаат добро да јадат треба да инвестираат во акции, а оние кои сакаат мирно да спијат треба да инвестираат во обврзници“, објаснува тој.

Колановиќ: Трамп ќе го запре „кловновското шоу“ за да ги спаси акциите

Претседателот Доналд Трамп инсистира дека никогаш нема да ги промени трговските политики што ги доведоа глобалните пазари во турбуленција. За Марко Колановиќ, изгледа дека претседателот е блиску до попуштање под тој притисок.

Поранешниот стратег на „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.), познат по своите силни песимистички ставови во последните неколку години, рече дека т.н. „Трамп пут“ (Trump put) е некаде околу 4.800 на индексот S&P 500 — околу 300 поени пониско од каде што моментално се тргува. Индексот се приближи до тоа ниво претходно во сесијата пред да се врати нагоре по шпекулациите дека американскиот претседател може да ги намали своите планови за царините.

„Тој почнува да гледа дека во основа го губи ова“, рече Колановиќ во интервју. „Само гледајќи го неговиот говор на телото и објективно - тоа што се случува околу него, ние сме блиску до тој ’Трамп пут’“.

Зошто доларот паѓа и кога повторно ќе расте?

Американскиот долар во моментов не е омилена валута. Во последниве месеци доларот падна за 4,2 отсто во однос на кошницата на главните валути, додека во однос на еврото падна за 5 отсто. Тоа предизвика девизниот курс да се спушти на нивоа последен пат забележани во ноември минатата година, околу времето на изборите во САД.

Разликата на каматните стапки го фаворизира доларот, но фокусот е префрлен на ефектите од американските царини. Зајакнувањето на американскиот долар во текот на четвртиот квартал од 2024 година беше значително коригирано до април 2025. Можноста за постигнување мировен договор во конфликтот меѓу Русија и Украина беше во корист на еврото, додека загриженоста за рецесија во САД e негативен фактор за доларот.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Велика Британија ќе го регулира кредитирањето на принципот „купи сега, плати подоцна“
Европа

Велика Британија ќе го регулира кредитирањето на принципот „купи сега, плати подоцна“

Велика Британија од следната година ќе воведе низа построги правила за заемодавците што нудат кредити со одложено плаќање според принципот „купи сега, плати подоцна“.

пред 11 час

Личен стечај - во светот е практика, кај нас засега невозможно
Македонија

Личен стечај - во светот е практика, кај нас засега невозможно

Од Министерството за економија велат дека при изработката на новиот закон за инсолвентност, кој се планира да биде донесен кон крајот на годинава, се разгледувала и можноста за воведување личен стечај.

пред 18 часа

Автор: Мирјана Јовеска

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите