Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста.

На удар е министерот Панче Тошкоски, човек што го познавам долги години. Човек, синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија.

Подносители на интерпелацијата? Левица — политички шарлатани и квази-патриоти! Тие беа најгласните слуги на шарената револуција што го донесе најголемиот криминал и најдлабоките национални понижувања! Денес, политички некрофили, кои сакаат да тргуваат со болката на народот и да извлечат ситен политички ќар од трагедијата во Кочани. Бесрамно!

Но вистината е јасна: За првпат во Македонија, по трагедија, неселективно и одговорно се поднесуваат кривични пријави против сите виновници — без разлика на функција и моќ. Повеќе од 70 лица се опфатени: министри, градоначалници, инспектори, полициски службеници!

За разлика од минатото кога “кабелот” беше виновен, а вистинските виновници беа заштитени.

Панче Тошкоски испиша страница на вистинска борба против криминалот: -Сузбиени 14 криминални групи и 1 терористичка ќелија; -Паднаа поранешен вицепремиер, врховен судија, член на Совет на јавни обвинители, директори; -Спречени меѓународни транспорти на кокаин, марихуана и екстази (над 4 тона запленети дроги); -Сузбиена цела мрежа на корумпирани цариници; -За 4,8% намален криминал!

Токму затоа Левица крева врева. Страв им е од правда и одговорност.

Оваа битка не е само на Панче! Ова е битка на сите што веруваат во чесна, праведна и достоинствена Македонија!

Стојам цврсто и гордо зад министерот Панче Тошкоски. Зад Македонија што се бори. Зад правдата што конечно има име и презиме.

А ти?