
Ева Лонгорија беспрекорно елегантна во син фустан на Global Gift Gala 2022
Ева Лонгорија ги сврте сите погледи кон себе кога зачекори на црвениот тепих за време на церемонијата Global Gift Gala 2022 што се одржа во саботата во хотелот Four Seasons George V во Париз, Франција.
Актерката (47) изгледаше неверојатно елегантно во гламузорен пастелно син фустан долг до подот кој одлично ја истакнуваше нејзината фигура.

Фустанот беше збогатен со сребрена мрежа од левата страна на фустанот и околу вратот, додека долгото парче ткаенина кое одеше од нејзиното деколте, преку нејзината десна рака, претставуваше впечатлив детаљ кој наликуваше на долг ракав.
Global Gift Gala е непрофитна организација која има за цел да создаде позитивно влијание врз животот на децата, жените и семејствата кои имаат потреба. Основана е во 2013 година од шпанската актерка, бизнисменка и филантроп Марија Браво.




