• Latest

Македонска делегација во Минхен, Муцунски разговарал со Герогиев за билатералните разлики и блокадата од Бугарија

February 16, 2025

Зеленски потпиша декрет за повлекување на Украина од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

June 29, 2025

Масовен руски напад врз Украина, Сибиха бара нови санкции на ЕУ и САД

June 29, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Едногодишен помен

June 29, 2025

Лариса Дир: Цела ноќ во Украина имаше воздушна тревога – рф нападна цивили со 477 дронови и 60 ракети

June 29, 2025
Газа, фото: принтскрин Х

Убиени најмалку 56 луѓе во израелските напади врз Појасот Газа

June 29, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, институциите да побрзаат со постапките

June 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

June 29, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025
Фото: принтскрин Х

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонска делегација во Минхен, Муцунски разговарал со Герогиев за билатералните разлики и блокадата од Бугарија

February 16, 2025 09:44
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, учествува на 61. Минхенска безбедносна конференција.

Во рамки на вчерашниот ден, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, на која станало збор за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот и можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ја истакнал заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура.

Тој нагласил дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.

Мицкоски на маргините на конференцијата вчера остварил билатерална средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Двајцата премиери разговарале за билатералните односи, евроинтегративниот процес и предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан. Мицкоски изразил благодарност за континуираната поддршка што Хрватска ја дава на Северна Македонија во процесот на европските интеграции и нагласи дека Владата останува посветена на реформските процеси со цел забрзување на пристапните преговори.

На Минхенската безбедносна конференција вчера Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки. Говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски посочил дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат”.

– Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава  за да стане член на НАТО, го промени името. Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова. Нашата посветеност за НАТО не може да се доведе во прашање, со многу страдање и понижувања станавме членка на НАТО, рекол премиерот Мицкоски и дополнил дека не е изненаден од последните случувања и најави на американската администрација.

Мицкоски посочил дека кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.

– Ги слушнав гласините во Минхен, за мешање во внатрешните прашања, но кога го менувавме нашето знаме, кога ја менувавме валутата или кога го менувавме нашето уставно име, што беше тоа? Не ли беше тоа мешање во внатрешните работи и зошто тогаш никој гласно не говореше. Дури и сега се соочуваме со барање за менување на уставот пак, доколку сакаме да почнеме преговори со ЕУ. Што е тоа? Зарем не е тоа мешање во внатрешните работи, запрашал Мицкоски, се наведува во соопштението.

Ние сме дел од Европа, нагласил, и сакаме да ги аплицираме европските вредности. Но она што се случува е нешто што е комплетно различно.

– Ние сме сведоци на тн “балканизација на Европа“, наместо “европеизација на Балканот“. Некои балкански земји членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел, наместо да е обратно.  Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21 век, но во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик кој е официјален јазик на ООН од 1945 и е меѓународно кодификуван од 1977, тогаш за што зборуваме? Зошто сите молчат тогаш, потенцирал Мицкоски и посочил дека Македонија мора да добие извесност на својот пат кон ЕУ.

Во врска пак со енергетските планови и Македонија како крстосница додал дека ова изгледа како визија за иднината на Северна Македониј, а која има огромен потенцијал. Да се биде копнена земја може да се смета за недостаток, но вашиот пристап, како што стои во соопштението, да ја искористите географската положба преку Коридорите 8 и 10 е многу стратешка.

– Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море со Јадранското Море, е критичен не само за економијата туку и за НАТО, бидејќи создава силна транспортна оска од Исток кон Запад. Истовремено, модернизацијата на Коридорот 10 може да го промени начинот на кој суровините и производите патуваат низ Европа, намалувајќи ја зависноста од далечни пристаништа како Ротердам и Хамбург. Ако пристаништето во Солун стане клучна точка за транспорт, Северна Македонија ќе добие значителна економска и геополитичка предност, се вели во соопштението.

Во петокот премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, со кого разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ. Како што соопштија од Владата, Мицкоски посочил дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Минхен оствари средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, на која се разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на маргините на Минхенската безбедносна конференција, вчера оствари средба со својот колега, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.

На средбата се разговарало за поголем број теми, вклучувајќи ги билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија, како и за положбата на македонското малцинство во Бугарија.

Министерот Муцунски изразил жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

Притоа, тој истакнал дека сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со взаемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи покрај другото подразбираат и поддршка за европските интеграции како стратешка определба на државата.

Министерот Муцунски на средбата го отворил и прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и ја нагласи потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Во рамки на минхенската безбедносна конференција на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД за специјални мисии, Ричард Гренел министрите за одбрана и за надворешни работи и трговија, Мисајловски и Муцунски, учествувале на сесијата посветена на новите политики на американската администрација предводена од претседателот Трамп.

– Од особена важност е да се слушнат пораките од Вашингтон, кои носат една нова поинаква реторика и која првенствено се залага за постигнување на мировно решение, за која се залагаме и ние како држава и членка на најголемиот политичко-воен сојуз во светот, напиша на фејсбук министерот Мисајловски.

Мисајловски вчера се сретнал и со заменик помошникот секретар за одбрана на САД, Дејвид Бејкер, со кого разговарал за актуелните политики во однос на регионалната и глобалната безбедност и за модернизацијата и опремувањето на македонската Армија.

-Од страна на Бејкер беше истакнат македонскиот придонес во поглед на безбедноста на балканскиот регион и источното крило на НАТО. Мисајловски присуствуваше и на средбата со премиерите на македонската и хрватската влада, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ, на која се разговараше за развојот на меѓусебната севкупна соработка и поддршка во контекст на проширувањето на Европската Унија и влијанието на безбедноста на Балканот за континуиран развој на државите од овој регион, наведува МО во соопштение.

На покана на министерот за одбрана на СР Германија, Борис Писториус, министерот Мисајловски вчера присуствувал на работен ручек заедно со колегите министри за одбрана и високи воени претставници од сојузничките и партнерските земји, каде свое обраќање имал парламентарниот државен секретар за одбрана на Германија, Томас Хичлер.

– Заеднички приоритет е што поскоро воспоставување мир и загарантирана безбедност на сите граѓани, објави министерот Мисајловски на неговиот фејсбук профил.

Minister Vlado Misajlovski met today with David Baker, US Assistant Deputy Under Secretary of Defense, for talks on current policies involving regional and global security and the modernizati

Министерто за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера од Минхен порача дека безбедноста е темел на стабилна држава.

-Во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог. Нашата улога во НАТО, регионалната стабилност и борбата против транснационалниот организирани криминал се клучни не само за нас, туку и за европскиот безбедносен систем. Силна Македонија на меѓународната сцена! Нашето присуство тука покажува дека Македонија не е само набљудувач, туку активен учесник, држава со визија и јасни позиции. Се бориме за заслуженото место во Европа и за безбедна, стабилна и перспективна иднина за сите граѓани, објави Тошковски на Фејсбук.

Во главниот град на Баварија во петокот почна 61. Минхенска безбедносна конференција. Во услови на зголемени глобални тензии, овогодинешниот собир, што се одржува од 14 до 16 февруари во хотелот Бајеришер Хоф во Минхен, светските лидери, креаторите на политиката и експерти, разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.

Извор: МИА 

видео: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ