Никола Станишиќ од Скопје обезбеди пласман во големото финале на Ѕвездите на Гранд.
Тој настапи со македонски песни, а од жирито беше награден со шест гласови со што директно се пласираше во финалето.
Ова посебно ја израдува Светлана Цеца Ражнатовиќ, неговата менторка која не ја криеше среќата што Никола директно помина.
Никола посебно импресионираше со македонската песна од Влатко Миладиновски „Ај да ојме Јано“, а настапот погледнете го во продолжение.