Ликвидација во Бања Лука – викна „немој, немој, застани“, па на паркинг испукани се кон него 25 куршуми

Од:

Окружното јавно обвинителство во Бања Лука објави за убиството на Саво Чолиќ (37) во овој град, а се сомнева дека убиството го извршил Јовица Ѓермановиќ (48).

Според информациите од локалните медиуми, тој го чекал да се појави на својот мотор, излегол од автомобилот и кон него испукал околу 25 куршуми.

– Само што го слушнав овој човек како вика „немој, немој, застани“. И потоа три рафали – изјави сведок на настанот.

Ѓермановиќ претходно не ѝ бил познат на полицијата, додека Чоловиќ за убиство поминал 12 и пол години во затвор, а минатата година бил пуштен на слобода по отслужување на петгодишна казна за продажба на дрога.

„На паркинг просторот на продавницата за спортска опрема, на улица „Караѓорѓева“ во Бања Лука, околу 12.15 часот, извршено е кривично дело убиство со пушка на штета на С.Ч. од Бања Лука. Постојат основи на сомнение дека наведеното кривично дело го извршил Ѓ.Ј“ стои во полицискиот извештај.

Оттаму додаваат дека увидот на лице место го извршил дежурниот обвинител, заедно со полициски службеници на ПУ Бања Лука.

„Обвинителот нареди да се преземат сите потребни истражни дејствија и мерки, како и вештачења за расветлување на сите околности на стореното кривично дело. Од местото на настанот подигнати се траги кои ќе бидат искористени за кривична постапка, а наредена е и обдукција на телото на жртвата, која ќе биде извршена во Институтот за судска медицина на Републичкото обвинителство“ информираат од Обвинителство.

Додаваат дека Ѓ.Ј. по извршеното кривично дело се предал на полициски службеници при што е приведен и се води кривична истрага.

Би можело да ве интересира

Jа уби сопругата со нож – приведен е 75 годишник во Ниш

А1он

Уапсен е соучесникот во убиството на Агим Муареми во Батинци, се трага по убиецот

А1он

Пукање во Подгорица: Има мртви

Маскиран вооружен маж уби американски професор пред домот на поранешната сопруга во Грција

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски