Мојсоска: Со ОЈО-ГОКК кое бара само куќен притвор за „Пуцко“, раководи куќниот пријател на Ахмети

од Nikola Popovski
236 прегледи

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска ги коментираше вчерашните одлуки на Кривичниот суд за трговијата со енергенси и нафтени деривати за злоупотреби во набавки на мазут и перење пари. Според неа, симптоматично е што едниот од обвинетите, Ратко Капушевски оди во притвор, додека сопственикот на Пуцко Петрол во куќен притвор. Прашува „која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол, што обвинителот го преиначи барањето за притвор во куќен притвор?“.

„Иначе со ОЈО-ГОКК, кое бара куќен притвор само за Пуцко, раководи куќниот пријател на Ахмети, Ислам АБАЗИ. Затоа од ДУИ функционер не смее да оди во притвор.

За 50 ќебапи и прозводство на лек од канабис луѓе лежат затвор. Ама за набавка на масло што го труе народот, ниту притвор не смее да се изрече. Со вакви одлуки, и таа 2% доверба во правосудството ви е многу“, објави пратеничката.

На Ратко Капушевски, Адриан Муча и Ерџан Сулкоски им е определен притвор, соопшти кривичниот суд во Скопје. Притворот е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. За Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“ судија на претходна постапка вчера одреди мерки домашен притвор.

Кривична пријава добија вкупно 13 лица, 11-мина се уапсени, еден е во бегство, друг во притвор. Се сомничат дека сториле кривични дела поврзани со увоз на сомнителни набавки на деривати кои нанеле огромна штета на животната средина, здравјето на луѓето, а преку фиктивни договори за позајмици направиле милионска штета.

-Нанеле штета на буџетот во износ од 167,5 милиони евра, соопштуваат од Обвинителството.

Слични содржини