Авиосообраќајот на скопскиот аеродром делумно нормализиран, но се уште отежнат

|

Скопската котлина и понатаму е во магла, но авиосообраќајот денеска делумно се нормализираше… Некои авиони полетаа, но останува незивесноста за најавените слетувања и полтувања во текот на денот…

Авиосообраќајот и денеска функционира отежнато, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина… На Скопскиот аеродром за денеска закажани се неколку десетици полетувања и слетувања, иако е неизвесно колку од нив ќе се реализираат.

Поради намалената видливост од синоќа до 9 часот утровo се откажани 10 а пренасочени 3 лета, сепак од 9 часот наваму нема откажани летови на Меѓународниот аеродром Скопје, соопштија од ТАВ Македонија.

Утрово шест авиони успеаа да полетаат, дел со мало задоцнување…Летот од Париз пристигна на време, а останатите пак долетуваат со задоцнување од 25 до 45 минути..

Иако попладне се очекува делумно намалување на маглата, поради ветерот кој што ќе дува попладне и кон крајот на денот, сепак синоптичарите најавуваат дека магливо време ќе остане до крајот на неделата, а за време на викендот ќе биде и дождливо..

Велат, дека една од главните причинители за задржувањето на смогот веќе петти ден во скопската котлина е под влијание на т.н. темпертурна инверзија.

Поради намалената загаденост од денеска во Битола и Тетово престануваат да важат препораките и мерките против аерозагадувањето, информриаа од министерството за екологија, а ниту Скопје веќе не е меѓу 20-те најзагадени градови во светот според платформата „Ај-кју ер“.

Сепак, според последниот извештај на институтот за јавно здравје а согласно податоците од мерните станици квалитетот на воздухот во Берово, Гостивар и Тетово , Екстремно лош, а состојбата е слична и во Струмица, Кичево, Неготино, Прилеп и скопските населби Ѓорче Петров, Лисиче и Центар, заради зголемени концентрации на PM2.5 честички.