ТАЖНА ВЕСТ: Почина студентот од Турција што синоќа беше застрелан во штипско кафуле

Студентот кој синоќа ладнокрвно беше застрелан во кафуле во центарот на Штип им подлегнал на повредите во интензивна нега после неуспешна реанимација, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од болницата.

Жртвата имала повеќе прострелни рани во стомакот карлицата и надлактицата.

Според нашите информации станува збор за студент по дентална медицина, роден 2000 година, односно имал 25 години. И жртвата и напаѓачот се од Турција.

Нејасни се мотивите за нападот кој ја вознемири македонската јавност. Станот во кој престојувал сега починатиот студент е со зголемено присуство на полициски сили.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје.

Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде