20.06.2025 01:58
Вести Свет

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Парламентарните избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври,  соопшти  денеска министерката за внатрешни работи во техничката влада, Јудит Ојтермарк, по состанокот на Министерскиот совет.

Овој датум претходно беше предложена од Државната изборна комисија како најран можен термин по падот на Владата.

Според Ојтермарк, одлуката е „комбинација на темелност и брзина“, со оглед дека не постојат технички услови изборите да се организираат претходно. Таа посочи дека мора да се земе предвид есенскиот распуст за да се овозможи што поголема излезност.

Обично надлежните органи имаат девет месеци за подготовка на избори, но овој пат ќе имаат двојно пократок рок.

Претстои уште многу работа, како печатење и испраќање на 13,5 милиони избирачки картички. Ќе овозможиме и гласови од странство и регистрација на нови партии – изјави министерката.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе