Трајковски: На лекарите им верувам, на здравствените власти не

Партиското вработување, голема бирократија и недостиг од политички волја за вистински рефоми се дел од основните проблеми со кои се соочуваат младите лекари при вработувањето во македонскиот здравствен систем. Д-р Бојан Трајковски од Асоцијацијата на млади лекари вели дека младите лекари чекаат и до година за прво вработување во ситуација кога земјава „кубури“ со медицински кадар.

- Законските рамки и законските правила кои што ги дава државата за одредени работи, особено за делот на специјализацијата, се навистина специфични. И административните проблеми кои што ги имаат колегите по завршувањето се навистина големи. За жал, многу голем делот колегите го наоѓаат решението надвор од Македонија, немајќи надеж дека тука нешто ќе се подобри. - вели Трајковски.