УБАВИ ДЕСТИНАЦИИ ВО ЕВРОПА: Се продаваат привлечни домови за помалку од 100.000 евра

Објавено во: Економија 28 Мај, 2025 17:31
Во некои делови од Европа има привлечни домови за помалку од 100.000 евра.
1. Валона, Албанија
Таму може да се најде двособен дуплекс за околу 71.500 евра, или стан во близина на плажа за 83.300 евра. Албанија долго време важи за евтина туристичка дестинација, а сè почесто привлекува и странски инвеститори. Градот Валона, со својата историја и прекрасни плажи, е меѓу најпосакуваните.
2. Абруцо, Италија
Во Италија често се нудат куќи по симболични цени, но тие обично бараат обнова. Во регионот Абруцо може да се купи четирисобна вила од камен за околу 59.900 евра или куќа со поглед на езеро за околу 67.200 евра.
3. Солун, ГрцијаБлагодарение на „златната виза“ за странски купувачи, Солун станува сè попопуларен. Таму еднособен стан може да се купи за 77.300 евра.
4. Олвера, Шпанија
Иако е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, Шпанија сè уште нуди поволни недвижности во помалку познатите региони. Во „белиот град“ Олвера, во Андалузија, може да се најде трособна куќа со тераса и панорамски поглед за околу 67.200 евра.
5. Бургас, Бугарија
Бургас, приморски град на Црното Море, е еден од најповолните во регионот. Наместено студио во близина на плажа чини околу 51.700 евра, додека двособен стан се продава за 90.600 евра.
foto Wikipedia/Giulio Gigante
Можеби ќе ве интересира
„По 3.500 денари месечно“, владата обезбедува стипендии за млади ученици во средно стручно образование

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најпознати и најголеми адвокатски друштва во Скопје?

СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА ПЛОВНА НАСЕЛБА ВО ЕВРОПА: Проектот предвидува околу 100 станови по многу прифатлива цена
Езеро Треска, Стар Дојран, Љубаништа - Државата не реализирала ниту една туристичка развојна зона

Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

КАКО ДА СЕ КУПИ КУЌА ИЛИ СТАНЧЕ НА МОРЕ? Услови и детали за во Грција, Италија, Турција
Ангеловска-Бежоска си замина од Народна банка со златник доделен од Славески

ДЕТСКИ САНДАЛИ, АЛАТКИ ЗА ТЕТОВИРАЊЕ, ВЕЛОСИПЕДИ, КОЛИЧКИ, ДЕЛОВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ДЕПИЛАТОРИ: Паднаа шверцери на разни производи

ОВА СЕ ВЛАДЕТЕЛИТЕ ОД СЕНКА: Кој стои зад супер популарните компании?
