Жена (34) од Дечане (Косово) и нејзиниот тригодишен син се удавија во базен во предградието на Монтреал, Канада.
Наводно, како што пишуваат медиумите во Косово, детето паднало во базенот во дворот на нивната семејна куќа.
Според неофицијални информации од локалните портали, несреќната жена, обидувајќи се да го спаси детето, скокнала во водата по него, но набрзо двајцата се удавиле.
Во меѓувреме, портпаролката на полицијата во Монтреал, Каролин Шеврефил, изјави дека повикот до службите за итни случаи бил направен во вторник околу 21:35 часот поради сомнение дека две лица се удавиле во базенот што се наоѓа во семејната куќа на аголот од 20-та Авенија и улицата Провост.
Како што пишуваат порталите во Монтреал, лекарите од итната помош се обиделе да ги реанимираат мајката и синот на местото на давењето, но не успеале да ги спасат.
Реанимацијата не даде резултати, па и мајката и синот беа прогласени за мртви на самото место.
Полицијата спроведе истрага и ги утврдува сите детали за овој случај.