Калин Ивановски загуби од искусниот Башиќ на турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот М75 челенџер во Загреб, откако беше поразен во последното квалификациско коло од Босанецот Мирза Башиќ со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 7-6/1.

Ивановски пружи голема борба против ривалот кој е дури 500 места подоброрангиран на АТП листата, го освои вториот сет и израмни на 1-1, но немаше сили во тај-брејкот од третиот сет и мораше да се помири со елиминација. 

Мечот траеше два часа и 23 минути, а победата на крајот сепак замина кај 33-годишниот Башиќ, кој ќе го продолжи настапот на турнирот во Хрватска.