По којзнае кој пат, пејачката Дара Бубамара се занесе во обработката на фотографии, па повторно е мета на критичарите поради прекумерната употреба на фотошоп.
Дара Бубамара стана вирална на сите социјални мрежи поради уредувањето фотографии, и со тоа беше прогласена за кралица на фотошоп. Така и овој пат направи селфи, потоа „залепи“ неколку филтри на него. Резултатот е Дара која не личи на себе, и така започнаа масовните коментари на социјалната мрежа Икс.
„Наташа Беквалац од Али Експрес“; „Мајкл Џексон немаше ваков нос“; „Дали е ова нејзината внука?“; „Ја испржи графиката“; „Колку разочарување добива кога ќе се погледне во огледало без филтер“; „Дури ни нејзината сопствена мајка не би ја препознала“, беа дел од коментарите.