• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модниот бренд „Лудус“ ја претстави колекцијата за есен-зима 2021/22 во виртуелна реалност

Од stylist @StylistMKD · На април 12, 2021

ludus (10)

Виртуелен шоурум за новата колекција

„Лудус” ја промовираше последната колекција за есен-зима 2021/22 година насловена „Пост-родовост Поглавје IV” со дигитална кампања и виртуелен шоурум. Новиот начин на претставување е во чекор со условите диктирани од пандемијата и технолошките достигнувања и предности на ВР технологијата.

Виртуелниот шоурум достапен на вебсајтот на „Лудус” овозможува директна прошетка и набљудување одблиску на моделите што ја сочинуват колекцијата. Проектот беше направен со љубезно отстапување на денсинг салата од Младинскиот Културен Центар во Скопје, каде минатиот месец беше скенирана колекцијата поставена на 16 модели, од кои дел беа поддржувачи и пријатели на брендот, а дел нови лица од агенцијата „Моделс Ин“.

Колекцијата е четврт дел од низата колекции насловени како „Пост-родовост” и ја застапува темата на родова еднаквост и футуристичката визија за елиминирање на родот и родовите улоги. Истовремено таа е формално истражување на родовата неутралност преку модниот јазик и концептно продлабочување на естетиката на брендот започната пред неколку сезони.

Со почетокот на пандемијата Лудус ги зајакна принципите на одржливост и етичко производство, па така и овој пат во колекцијата застапени се рачно и природно обоени текстилни парчиња, како и ботанички обоена волница од која се направени рачно плетени џемпери/фустани со издолжени пропорции. Токму џемперите се досега најодржливиот и најеколошкиот производ на „Лудус” поради тоа што 100% природната сурова волна е набавена од локални производители во близина на Велес, а плетењето е направено од долгогодишната соработничка на брендот Верица Трифунова. Така е постигнат производ што не само што вклучува употреба и ревитализација на занаети и природни суровини што полека замираат, туку и нивното боење е целосно еколошко без никакви токсични материи што би влијаеле на животната средина или директно на кожата на потрошувачите.

Истотака направени се и кожени чевли во соработка со локален занаетчија, кои ја придружуваат колекцијата.

Колекцијата „Пост-родовост IV” е составена од 16 родово неутрални комбинации на 23 парчиња облека изработени во неутрална палета на бои што вклучува црна, бела и сива боја, овој пат надополнета со кафени и вилоетови природни тонови, добиени со рачно боење на волна и волница. Користени се висококвалитетни 100% природни памуци, рунски волни и волници од македонско потекло што може лесно да се рециклираат, а при дизајнирањето користена е техника на кроеви со нула отпад. Парчињата се целосно рачно направени со што е овозможена нивна долготрајност; така брендот се спротивставува на „брзата мода” и прекумерното и неодговорно конзумирање на модата и „брзата” модна индустрија.

„Лудус” е застапен на странскиот пазар преку продажбата од сопствениот сајт ludus.com.mk, неколку интернет продавници во Европа, Англија и САД, како и концептуалната продавница „Пентља” во Љубљана, долгогодишен застапник на колекциите на „Лудус” каде ќе може да се најде и оваа колекција.

Фотографии: Филип Бојковски

ludus (11)

ludus (7)

ludus (5)

ludus (2)

ludus (9)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics