Промовирани огласи »

Дизелот од полноќ поскапува за два денари

Од полноќ ново поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика информира за новите повисоки цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно донесената одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 75,50 ден/лит.

Дизелот од полноќ поскапува за два денари. На бензиските пумпи ќе се продава по цена од 65 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,131 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,131 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

Минатата седмица се одржа AUTOBEST гала настанот за оваа година, на која официјално му беше доделено признанието на Seat Leon, а беа воведени и уште неколку новитети.

Невообичаено доцниот датум за настанот се должи на ситуацијата со пандемијата низ целиот континент.

Дан Варди, основач и претседател на AUTOBEST рече: „Не можеме повеќе да сонуваме за нашата прослава на 20 годишнината од AUTOBEST Гала, веројатно најважниот автомобилски медиумски настан во Европа и светот. SEAT Leon е AUTOBEST Best Buy Car of Europe, најголемото признание во автомобилската индустрија, давајќи им на мнозинството европски потрошувачи најдобра независна, автентична, професионална оценка за врвните нови модели што доаѓаат во Европа. Ние им ги доверивме на Барселона и Шпанија да бидат место на нашиот историски настан. Многу сме среќни што сме во La Llotja del  Мar, знаменитост на Барселона, едно од местата што ја прави Европа толку горда на своето наследство. Сакам да изразам благодарност за сите луѓе што придонесоа за овој фантастичен настан. Лично, сакам да му се заблагодарам на Вејн Грифитс, кој се покажа како најдобриот водител за кој можеме да сонуваме!“

Промовирани огласи »

Аналитичарите на JATO Dynamics внимателно го проучувале развојот на каталошките  цени од 2002 до 2020 година во два популарни сегменти на мали и компактни автомобили.

Просечните продажни цени на малите автомобили како што се VW Polo, Ford Fiesta или Opel Corsa пораснале за неверојатни 59 проценти помеѓу 2002 и 2020 година. На почетокот на 2000 -тите, малите градски автомобили чинеле просечно 13.000 евра, а во 2020 година, речиси 21.000 евра.

Промовирани огласи »

После тешката борба со От Танак (Hyundai), Елвин Еванс (Toyota) се запиша како победник на јубилејното 70то Рели Финска.

И покрај големиот притисок од От Танак, Елвин Еванс успеа да издржи на последните два брзински испити за да стане вториот Британец кој победил на Рели Финска после победата на Крис Мик во 2016.

Еванс ја започна борбата за победа со освојување на ноќниот брзински испит во петокот, за да го заврши денот со предност од 6.1 секунда пред Крег Брин и От Танак, за саботата изутрината да продолжи со четири последователни освоени брзински испити и да дојде до водство на релито.

Себастиен Ожие се мачеше со подесувањето на автомобилот губејќи доста време при што се најде на петтата позиција, а штетата веќе беше направена. Со Ожие на петтата позиција, Еванс се приближи на 24 поени до Ожие во генерален пласман, а воедно значи борба за титулата помеѓу двајца возачи откако шансите за титула на Тиери Невил (Hyundai) паднаа во вода после механичките проблеми на неговиот автомобил и откажувањето во саботата.

Еванс дојде до победа со стил, откако победи на последниот Power Stage освојувајќи пет бонус поени за да му зададе поголеми потешкотии на Ожие за борба за титулата. После Финското рели WRC караванот се сели во Франција на асфалтно рели и воедно претпоследната рунда од шампионатот оваа година, од 14 до 17 октомври.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »