
Објавена фотографија од семејството што загина во пожар во Нови Сад: „Цел град е завиен во црно“
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Август 2024

Маја С.(23), Данијел А.(29) и нивните четири деца на две, четири, пет и седум години загинаа во голем пожар што избувна во нивната куќа во Салајка, Нови Сад.
Според полицијата, се сомнева дека пожарот го предизвикал скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.
– Маја и Данијел живееја скромно, собираа секундарни суровини. Од утрово цел град молчи, завиен во црно по ваква трагедија. Ова никогаш не се случило, не можеме да се вразумиме и веројатно уште долго ќе бидеме во состојба на шок. Сега треба да подготвуваме погреби, сето ова е страшно – велат соседите.
До нив живеел таткото на Маја, кој со боздоган се обидел да го урне ѕидот што ги делел, но не успеал да ги спаси.
Во Нови Сад синоќа околу 2 часот и 30 минути избувнал голем пожар во семејна куќа. Најмалку шест лица загинале, но потрагата по телата продолжува.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
