• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкалоид ангажира седум нови ракометари

Алкалоид ангажира седум нови ракометари

Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) – Освојувачот на ЕХФ Европскиот куп, РК Алкалоид, останува на својата определба и во следната сезона да биде клуб составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена.

За следната сезона управата на тимот од Автокоманда договори соработка со седум нови играчи.

Станува збор за Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Михаил Иваноски, Ѓорѓи Николовски, Давид Трајкоски, како и српскиот репрезентативец Урош Борзаш. зс/

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан