Истражителите кои работеа на случаите „Беса транс“ и пасошите за светски криминалци, тргнати од обвинителство

Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата во која бил регистриран автобусот на „Беса Транс“, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса Транс“ се тргнати од истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал, објави Сакам да кажам (СДК.мк)

Од порталот пишуваат дека и од истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани за кои има пресуда. На нивно место се ангажирани нови истражители.

На прашањето на СДК.мк шефот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Ислам Абази одговорил дека на овие избрани истражители мандатите од една година плус двете години можност да останат во истражниот центар им завршиле на 7. февруари годинава. Тие веќе се вратени на своите работни места во МВР што им биле во мирување. Станува збор за четворица истражители од МВР и еден од финансовата полиција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното