(видео) Ридот Вршник пошумен со над 2000 садници Багрем, еко акција на Левица, планинари и граѓани на Велес
Објавено на 19 декември, 2023 во 11:50

По иницијатива на локалниот огранок „Левица“ од Велес на Ридот Вршник беа пошумени повеќе од 2000 садници Багрем. Од „Левица“ велат дека се среќни што успешно ја релизирале својата замислена мисија.
За време на акцијата учествувале членови на планинарски друштва, сограѓани од Велес како и пратеникот Борислав Крмов.
Од ЛО „Левица“ изразуваат голема благодарност до сите учесници за време на акцијата кои допринеле за пошумување на Вршник.
Стефани Манева
