• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски имаше добра сезона во тимот на Железничар од БиХ со кого продолжува понатаму уште една година, а доби и едно клупско признание.
Крилниот играч е најдобар асистент на „сините“ за сезоната 2024/25. Цветаноски намести вкупно девет гола, што го става на првото место, пред Бољевиќ со шест, како и Крпиќ и Шошиќ со по пет асистенции.
Цветаноски имаше пет асистенции во лигата и уште четири во Купот на БиХ. За Железничар, тој одигра 34 натпревари, а постигна и седум гола.
Железничар преку шампионатот на БиХ обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
ФОТО: FK Željezničar / Facebook