28.05.2025 15:44
Вести Македонија

Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во странство е бесплатно

Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно.

„Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Така што, нема потреба за шпекулации и за невистини. Ова е вистината која што е објавена пред три-четири дена, не е од сега. Можеби во некоја држава, меѓутоа, генерално 99 проценти од лекувањето во сите држави е бесплатно“, рече тој.

Додаде дека Владата обезбедила средства за патување и сместување по двајца родители или членови на семејство на пациентите во сите држави.

Министерот на денешната прес-конференција по редовниот состанок на кризниот штаб во Министерството за здравство информираше дека бројката на пациенти што се лекуваат во моментов е 162, а денеска 10 од пациентит кои лежат во државата ќе бидат испишани.

Во несреќата што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица а над 150 се повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хакерски напади на дигиталните ресурси на МАНУ

Дејан Дејан

Британски рејтинг за македонски заем – каматата ќе биде под 4,5 проценти

Дејан Дејан

Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе