Радио Милева тажни сеќавања на загубените дијаманти...

40 тажни денови исполнети со тажни спомени: Едина Муса се потсети на ДНК и спотот за песната „Дијамант“ во која ја имаше главната женска улога (ВИДЕО)

40 тажни денови исполнети со тажни спомени: Едина Муса се потсети на ДНК и спотот за песната „Дијамант“ во која ја имаше главната женска улога (ВИДЕО)

Изминаа четириесет дена од трагичната смрт на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Болката не минува,  ниту се намалува, напротив,  како да станува подлабока. И заради загубата на 62 воглавно млади животи, повеќето речиси деца и тинејџери, како и осуммината познатите естрадни уметници и врвни музичари. И додка тагата се уште царува во колективните сеќавања на нацијата, многумина од познатите личности не го заборавија денот за помен на полинатите во кочанската трагедија, да го одбележат на себесвојствен начин.

Една од оние со кои ДНК соработуваа во својата богата видографија е и поранешната македонска кошаркарка и мис фитнес, Едина Муса, која неодамна стана и мајка, откако претходно влезе во брак со Александар Димитровски – Мачка.

Едина беше дел од видеоспотот на ДНК за песната „Дијамант“ во 2018 година, во која атрактивната русокоса ја имаше главната женска улога, а целата приказна и самото видео беше снимено на нејзин терен – во теретана.

Покрај Панчо и покојниот Андреј од ДНК во спотот се појавува уште една жртва во трагедијата, нивниот пријател, битбоксерот Буцо, кој исто така трагично го загуби животот во пожарот во Кочани.

Токму на истекот на 40 дена од катастрофата, Едина сподели фотографија и кадри од седумгодишнината од снимањето на видеото, како сеќавање на починатите во овие 40 тажни денови исполнети со тажни спомени и непребол, а кадрите ги надополни со емотикон од скршено срце на половина.

Фото: Инстаграм/edina_musa

To top