17 Јули, 2025
0.0280

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

Објавено во: Мои пари 14 Април, 2025 17:01

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка воведува две нови функционалности преку својата мКлик мобилна апликација, правејќи ја мКлик апликацијата вистинска „банка на дланка“ и овозможувајќи продуктите кои досега се пласираа единствено на традиционален начин да бидат достапни до клиентите и преку дигиталните канали на Банката.

Веќе од денес, корисниците на мобилното банкарство на НЛБ Банка можат да аплицираат за кредитна картичка, како и за зголемување на кредитен лимит на постоечка картичка, едноставно преку својата мКлик мобилна апликација. Онлајн аплицирањето овозможува лесен и брз пристап до финансиски средства, без потреба од физичка посета на експозитура, освен кога клиентот треба да ја подигне новата картичка и ПИН кодот за нејзино користење, во експозитурата која тој самиот ќе ја избере. Во процесот за зголемување на лимит на кредитна картичка, клиентот го има на располагање новиот лимит веднаш по завршување на процесот.

Ние будно ги следиме преференците на клиентите согледувајќи ја нивната сè поголема потреба да управуваат со своите финансии дигитално и со само неколку допири на својот телефон или компјутер. По неодамна воведеното електронско потпишување на кредитна документација, онлајн ажурирањето на лични податоци и низа други дигитални услуги на Банката, со оваа надградба, продолжувамеда ги носиме традиционалните банкарски услуги од експозитурите во рацете на нашите клиенти, овозможувајќи им супериорно искуство и високо ниво на безбедност.– истакнуваат од НЛБ Банка.

За да можат да аплицираат онлајн за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка, клиентите треба да користат еден од мКлик пакетите со привилегија на плаќање, валиден документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, активна платежна сметка и средства на истата за наплата на апликативен трошок.

Трошокот за онлајн аплицирање за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка е ист како и во експозитурите, а сите нови апликации преку мКлик каналот, почнувајќи од денеска и во наредните три месеци, промотивно се достапни без надоместок.

Клиентите можат да ја ажурираат или преземаат мКлик мобилната апликација бесплатно од платформите PlayStore или AppStore, во зависност од оперативниот систем на корисничкиот уред. мКлик нуди едноставен пристап до сите банкарски податоците, проверка на состојба и промет на сите сметки, овозможува и вршење на интерни трансакции, плаќање на режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица, плаќање на пријател, аплицирање за кредит како и низа други придобивки. Преку неа, корисниците можат да бидат во контакт со Банката во кое било време, без разлика каде се наоѓаат – дома, на работа или во движење.

Можеби ќе ве интересира

Македонски Телеком потпиша Меморандум за разбирање со Владата

Македонски Телеком потпиша Меморандум за разбирање со Владата

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

Тајната на Медитеранот: Зошто Албанија треба да биде вашата следна дестинација за одмор

„Сакам да работам“ до политичарите: Зошто пред секои избори судбината на 10 илјади вработени се доведува во прашање?

„Сакам да работам“ до политичарите: Зошто пред секои избори судбината на 10 илјади вработени се доведува во прашање?

Уживај во премиум поволности и помалку трошоци на твоето летно патување со ProActive дебитната картичка на ПроКредит банка

Уживај во премиум поволности и помалку трошоци на твоето летно патување со ProActive дебитната картичка на ПроКредит банка

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Пазарите се активни и покрај ефектот од летните одмори

Пазарите се активни и покрај ефектот од летните одмори

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

Ново од Грекос: Грчки тип на јогурт со висок протеин, а само 1,5% масти

Ново од Грекос: Грчки тип на јогурт со висок протеин, а само 1,5% масти

НЕПТУН СО НОВА ПОНУДА: Купи веднаш, плати подоцна – до 48 рати и 3 месеци грејс период

НЕПТУН СО НОВА ПОНУДА: Купи веднаш, плати подоцна – до 48 рати и 3 месеци грејс период