Лига на шампиони
Анри: Има само една добра работа од овој прв меч со ПСЖ
Тјери Анри како специјален аналитичар за „Си-Би-Ес“ беше дел од најпопуларното студио за Лигата на шампиони, а како голем фан и легенда на Арсенал, мораше да коментира натпревар во кој неговиот омилен тим претрпе пораз.
ПСЖ беше подобар ривал на „Емирејтс“ и заслужено стекна предност од 1:0 пред реваншот на домашен терен, па иако на хартија изгледа дека има предност, Анри не сака предвреме да ги отпише избраниите на Микел Артета, кои веќе покажаа дека можат да победуваат и на големи стадиони како што е „Сантијаго Бернабеу“.
Легендарниот Французин смета дека единствена добра вест за Арсенал е тоа што не прими втор гол во самата завршница, особено поради фактот што големи шанси имаа Баркола и Рамош.
– Најдобра работа од овој натпрвар е тоа што Арсенал остана жив, не прими втор гол на крајот. Го коментиравме тоа со Џејми Карагер во финишот од натпреварот. Друга добра вест е и тоа што има уште еден натпревар, никогаш не знаете што ќе се случи на реваншот.
– ПСЖ беше супериорен тим и издоминира во неколку фази од натпреварот, ќе треба да се променат многу работи во Арсенал за да се направи пресврт во Париз. Но, тоа ќе биде друг натпревар и најважно е што Арсенал остана во игра. Се може да се случи на еден натпревар во Лига на шампиони, – порача Анри.
-
Англија20 часа
Тензичен старт на подготовките: Аморим избегнува контакт со петте прецртани играчи од првиот тим
-
Шпанија23 часа
Новиот стопер на Артeта на пат кон Лондон: Не ми е сеедно (Видео)
-
Шпанија22 часа
Реал Мадрид го мерка и „штитеникот“ на Трент во Ливерпул, англискиот шампион бара 50 милиони евра
-
Лига Европа18 часа
Ждрепката не ги посака: Алкалоид доби најтежок можен противник во Европската лига
-
Италија19 часа
Наполи се залета: Возбудливото крило од Холандија пристигна на потпис (Видео)
-
Свет22 часа
Официјално: Роналдо ќе брка прва титула во Саудиска Арабија со легендарен сонародник (Фото)
-
Италија20 часа
Болоња потврди дека клучен стартер побарал дозвола да направи трансфер во Наполи
-
Шпанија19 часа
Мастантуоно откри дека останал изненаден од еден нов соиграч во Реал: Ми се јави и ми посака добредојде