Бизнис

Во белградската општина Палилула се гради Српско-кинески индустриски парк

05.06.2025

Од буџетската резерва на Србија за 2025 година, издвоени се 60 милиони динари за реализација на проектот на Српско-кинескиот индустриски парк „Михајло Пупин“ во Белград. Проектот за изградба на паркот се реализира од 2021 година, но самиот комплекс ќе се гради во фази, а рокот за изградба е 19 години, пишува Нова економија.

Овој парк треба да се гради на повеќе од 480 хектари во белградската општина Палилула.

Комплексот на индустриски парк треба да се подели на три зони:

Меѓународен трговски центар, кој ќе биде  мултифункционален комплекс со берза, логистички и складишни центри, ресторани и трговски центар, малопродажни продавници и друго.

Индустриски парк ќе зафаќа најголема површина од комплексот и во него е планирана изградба на индустриски погони, магацини, деловни згради, станбени области, помошни објекти, како и управни згради.

Третата зона ќе биде Хај-Тек парк со  деловни згради наменети за развој на високи технологии, деловно-административни простори, како и придружни содржини - ресторани и малопродажни објекти, пренесува Бизнис.рс.


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано