ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

Објавено во: Македонија 17 Април, 2025 11:38
Опозициската ДУИ денеска преку соопштение до јавноста излезе со прашање до власта, зошто се повлекол јавен обвинител кој бил дел од истрагата за пожарот во Кочани.
Информациите дека еден јавен обвинител, кој бил дел од истрагата за трагичниот настан во Кочани, се повлекол од предметот поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество, се вели во соопштеието испратено од Демократската унија за интеграција.
„Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бектеши, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.
Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка. Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури. Не браниме поединци, туку ја браниме правдата како принцип – еднаква за сите“, се вели во денешното соопштение на ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
РАСФРЛАНО ЃУБРЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - кој е виновен и дали скопјани многу бараат ако посакаат чиста околина

ОД ВОДОВОД ПРАВЕЛЕ ВОНРЕДНИ ТЕСТИРАЊА И ЕВЕ КОИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ - водата е здрава и безбедна за употреба

ДАЛИ ПОСТОИ ТАКВА СНИМКА ВО КОЈА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК ГИ ЗАКЛУЧУВА ВРАТИТЕ ОД ДИСКОТЕКАТА - СДСМ обвини, се чекаат одговори од Обвинителството

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА ДРЖАВАТА, ЗА ДАВКОВА: Таа беше ексклузивно надлежна да предложи гувернер на НБМ, а тоа му го дозволи на премиерот Мицкоски

„ЗОШТО ЛИЧНО ВИ ТРЕБАВ КОГА ДОСЕГА МИЛИОН ПАТИ СТЕ ПОСТАПУВАЛЕ ПО ДОПРЕН ГЛАС ОД ЈАВНОСТА“ - Арсовска ги достави документите за нелегалното градење до ОЈО

Не само универзитет, туку заедница: Како УАКС ја живее културата на благодарност

ЖЕЛЕЗАРА И ДЕНЕСКА НЕМА ВОДА, ВОДОВОД СЕ ОГЛАСИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ЧАИР - внимателно со трошењето, ќе снема половина град и тоа ќе трае со денови

„ВАКВО НЕШТО НЕМА НИКАДЕ НА СВЕТ, ДА ОСТАВИШ 100.000 ЛУЃЕ БЕЗ ВОДА 24 ЧАСА...“ - реакции за акцијата на Водовод

ОВА Е ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА ЗА ДЕНЕСКА - денот по утрото се познава
