(Фото) Дождот откина дел од патот кај Дреново, водата повлече и возило, за среќа без патници
Ни горе ни долу не можиме да одиме, ни за Битола ни за Скопје, заглавивме од пред 7 часот сабајлето во долги колони од двете страни, велат патници

Дождот откина дел од патот кај Дреново на магистралниот пат Градско-Прилеп и заглави колони возила. Битолчанецот Благојче вели дека на патот се заглавени од пред 7 часот утрово кога се излеа реката кај село Раец и го откина патот.
На фотографиите што ни испрати се глeда како водата однела возило, но очевидци велат дека во него нема луѓе.
„Ни горе ни долу не можиме да одиме, ни за Битола ни за Скопје, заглавивме од пред 7 часот сабајлето во долги колони од двете страни, патот е скинат. Првично се обидоа служени лица да донесат чакал, да санираат ама попусто, многу врни и надојде голема вода. Однесе и еден автомобил. Загавивме“, вели Благојче за Независен.
АМСМ информира дека поради обилни врнежи дожд и излевање на Реачка река, кај с. Реац, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин.
На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување. (А.Б.)