Кошарка НБА лига

ЛА Лејкерс елиминиран, Хјустон остана жив во серијата со Голден Стејт (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс елиминиран, Хјустон остана жив во серијата со Голден Стејт (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс на крајот се претвори во најголемо разочарување на стартот на плејофот во НБА лигата, од едноставна причина што тимот на Џеј-Џеј Редик успеа да се избори за само една победа во серијата со Минесота и на последниот меч беа поразени со 103-96.

Минесота предводена од Руди Гобер се пласираше во конференциско полуфинале.Французинот одигра брутална партија во офанзивен и дефанзивен поглед, бидејќи покрај 27-те поени, запиша и неверојатни 24 скокови.

Покрај Гобер, се истакнаа и Рандл со 23 и Едвардс со 15 поени, додека кај Лејкерси, Дончиќ уфрли 28 поени, Хачимура 23, а ЛеБрон 22 поени.

Рано утрово се играше натпревар и во „Тојота центарот“, а таму Хјустон успеа да остане жив во серијата со Голден Стејт и намали на 3:2.

Рокетси славеа со 131:116 и останаа во игра и на шести натпревар во оваа серија, со тоа што сега истата се сели одново во Сан Франциско.

 

To top